КАСАМИ НА СРЕДБА СО ЗАЕВ, ПРАТЕНИКОТ НА БЕСА КАРЕМАНИ ДОБИВАЛ ЗАКАНИ ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ФУНКЦИЈАТА

    КАСАМИ НА СРЕДБА СО ЗАЕВ, ПРАТЕНИКОТ НА БЕСА КАРЕМАНИ ДОБИВАЛ ЗАКАНИ ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ФУНКЦИЈАТАПрашан дали знае кој му се заканува и зошто, Каремани рече дека лицата кои му се заканувале ги пријавил во полиција и дека тие барале тој да се откаже од функцијата пратеник. - Пратеникот Каремани на прес-конференција во Собранието (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на Движењето Беса Биљал Касами во 18 часот ќе се сретне со премиерот Зоран Заев во Владата.

    „Средбата нема врска со случувањата во партијата, таа беше претходно договорена. Ќе разговараме за претстојните реформи, коалицирањето не е тема“, рече Касами.

    Тој најави и дека ќе се кандидира за претседател на партијата на претстојниот конгрес закажан за 24 февруари.

    Претходно денеска, привремениот претседател на Движењето Беса и пратеник Неџбедин Каремани, чиј што избор викендов го спори Касами, изјави дека имал сериозни закани по неговиот живот и безбедноста на семејството.

    „Го запознав министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со случајот. Ги информирав сите амбасади во Македонија, ЕУ, ОБСЕ за заканите“, рече Каремани денес во Собранието.

    Прашан дали знае кој му се заканува и зошто, Каремани рече дека лицата кои му се заканувале ги пријавил во полиција и дека тие барале тој да се откаже од функцијата пратеник.

    „Мојата должност на пратеник ја прифатив и веќе сите знаат точно и јасно кој ги добил гласовите за движењето Беса во Тетово. Идниот месец ќе се одржи конгрес и се ќе биде во ред. Нема скопско и тетовско крило, туку дека Движењето Беса е едно“, рече Каремани.

    На седница на Централниот совет на Беса, одржана во Скопје викендов, од функцијата беше сменет лидерот Биљал Касами и за привремен претседател на партијата до партискиот конгрес закажан за 21 февруари годинава беше назначен најстариот партиски функционер, пратеникот Неџбедин Каремани.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира