КАТИЦА ЈАНЕВА НЕМА ДА ОТКРИВА ДЕТАЛИ ОД ПРЕДИСТРАЖНИТЕ ПОСТАПКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КАТИЦА ЈАНЕВА НЕМА ДА ОТКРИВА ДЕТАЛИ ОД ПРЕДИСТРАЖНИТЕ ПОСТАПКИ

    Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева соопшти дека во периодот што следи ќе има зголемена фреквенција на лица во нејзиното Јавно Обвинителство, но таа нема да открива детали за предистражните посташки.

    „Согласно ЗКП лицата кои се повикуваат ќе бидат од корист со нивните сознанија за разјаснување на околности по повод сите постапки кои се отворени во овој период. Постапките се однесуваат на досега објавените и необјавени неовластено прислушкувани разговори. Заради тајноста на предистражната постапка, поконкретни детали нема да се откриваат.“стои во соопштението на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

    Соопштението доаѓа откако градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски вчера објави дека утре треба да се појави во СЈО и дека е повикан поради случајот за наводно нарачаните шамари за него од поранешниот премиер Никола Груевски и демолирањето на општината.

    СЈО не ги потврди тврдењата од соопштението на општина Центар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира