На 5 најдобри студенти од Медицинските факултети во Скопје, Тетово и Штип веднаш по дипломирањето ќе им биде понудено вработување во државните болници, најавија денеска министерот за здравство Арбен Таравари и деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Светозар Антовиќ.
„Ова ќе го примениме веднаш, уште пред да влезе во закон. Се надевам дека од идната година ќе може да се вработат по 10 најдобри студенти, и тоа тие од Факултетот во Скопје да се вработат во Скопје, тие од Тетово во Тетово итн“, рече министерот.
Деканот Антовиќ кажа дека се надева оти наскоро ќе се направи промената во законот и дека „конечно ќе ги задржиме најдбрите студенти, прашање што е од национален интерес“.
Таравари и Антовиќ разговарале и за мораториум на одредени специјализации, и министерот повтори дека предност и најмногубројни ќе бидат специјализациите за онкологија, радиологија, патологија, анестезиологија.
Б. НЕСТОРОСКА