ЌЕ ИМАМЕ ПАК СОСТАНОК СО СТОПАНСКАТА КОМОРА ДА ВИДИМЕ ДО КАДЕ СЕ СО НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ, КАЖА КОВАЧЕВСКИ

    ЌЕ ИМАМЕ ПАК СОСТАНОК СО СТОПАНСКАТА КОМОРА ДА ВИДИМЕ ДО КАДЕ СЕ СО НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ, КАЖА КОВАЧЕВСКИВладата и производителите се договорија да се намалат цените за најмалку 10 отсто откако ќе бидат префрлени на повластена цена на струјата, што и се случи од 1 декември. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Премиерот Димитар Ковачевски најави дека наскоро пак ќе има состанок со претставници на Стопанската комора во делот на производителите на основни прехранбени производи да види до каде се со договореното намалување на цените.

    Владата и производителите се договорија да се намалат цените за најмалку 10 отсто откако ќе бидат префрлени на повластена цена на струјата, што и се случи од 1 декември. Засега, како што кажа премиерот, има намалување кај маслото за јадење и кај дел од производителите на леб.

    „На состанок со претставник на Стопанската комора во делот на производители на основни прехранбени производи беше постигнат договор цените да бидат намалени за најмалку 10 проценти откако ќе бидат ставени на снабдување на електрична енергија од ЕСМ Продажба по цена од 80 евра за мегават час. Кај дел од прехранбените производи има веќе намалување, тоа го видовме кај рафинираното масло кај што има намалување од 40 денари, што е повеќе од 10 проценти и кај одредени производители на леб кои ја намалија цената. Пак ќе имаме состанок со Стопанската комора и ќе видиме до каде е намалувањето на цените“, кажа Ковачевски на прес-конференција во Владата, одговарајќи на новинарско прашање за цената на лебот.

    Понатаму, Ковачевски кажа дека Државниот пазарен инспекторат треба агилно да ги спроведува своите инспекции, да ги прави сите потребни споредби на влезни фактури, методологии за формирање на цената итн. и така да се дојде до финално намалување на цените така како што е договорено со стопанските комори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира