Почна 22. Конгрес на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, на кој присуствуваат околу 700 делегати од сите општински организации на партијата. Присутни се гости од речиси сите парламентарни и вонпарламентарни партии, освен од ВМРО-ДПМНЕ.
На Конгресот треба да се реизбере за претседател на СДСМ единствениот кандидат Зоран Заев, кој имаше обраќање до делегатите. Се очекува потоа делегатите да изберат нов генерален секретар на партијата. Најсериозен кандидат е пратеникот Љупчо Николовски. Во затворениот, работен дел, ќе се разгледува и извештајот за изборните резултати на партијата.
“Има оправдана загриженост за иднината, затоа што не е лесно да се стапне на руина, наместо да се надоградува столб. Од следната недела почнува нашата нова заедничка иницијатива, нашата нова работна акција. Ќе работиме во создавање, а не во рушење. Ќе комуницираме со аргументи не со лажни вести. Почитувани, стојам пред вас со чисто срце и ја барам вашата доверба”, кажа Заев пред присутните делегати.
Тука се и претставници на Движењето Беса, предводени од лидерот Биљал Касами, со кого мандатарот за нова Влада Зоран Заев уште не се договорил за учество на Беса во новата влада.
С.К. ДЕЛЕВСКА