ЌЕ ПОЧНАМ ОД СООБРАЌАЈНИОТ ХАОС НА СКОПСКИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР, НАЈАВИ НОВИОТ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО МЕЏИТИ

    ЌЕ ПОЧНАМ ОД СООБРАЌАЈНИОТ ХАОС НА СКОПСКИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР, НАЈАВИ НОВИОТ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО МЕЏИТИЗаменик-министерката за здравство Маја Манолева и министерот за здравство Фатмир Меџити со дел од советниците на денешниот брифинг. (Фото: СДК.МК)

    Ќе почнам со решавање на сообраќајниот хаос на скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“, рече денеска на првиот брифинг со медиумите, новиот министер за здравство Фатмир Меџити.

    Меџити е доктор невролог со 22-годишно искуство на Клиниката за неврологија, и рече дека е запознаен со сите проблеми и на медицинските работници, но и на пациентите, бидејќи како што рече, и сам себе, и членовите на своето семејство ги гледа како пациенти кои имаат потреба од здравствени услуги.

    Меџити кажа дека откако е на функцијата од минатата недела, секојдневно е на состаноци со директори, советници, експерти од сите области, како и со министри и побара за трпение од јавност пред да почне да излегува со официјални измени, именувања и информации.

    Министерот најави дека по 10 години, ќе се промени позитивната листа на лекови, и дека ќе се формира Тријажен ургентен центар на Клиниката, кој би бил во околината на Интерните клиники.

    „Со тоа конечно сакаме да се реши проблемот и пациентите кои доаѓаат за итна интервенција да не лутаат од клиника на клиника“, рече Меџити, кој на брифингот дојде со заменик-министерката за здравство д-р Маја Манолева и дел од советниците. Додаде дека сѐ уште работи на тимот кој ќе работи со него.

    Б. НЕСТОРОСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира