ЌЕ СЕ ЧИСТИ МАЛАТА ДЕПОНИЈА СО ОТРОВНИОТ ЛИНДАН ВО ОХИС, А ВРЗ ГОЛЕМАТА ЌЕ СЕ СТАВИ ГУМЕНА ПРЕКРИВКА

    ЌЕ СЕ ЧИСТИ МАЛАТА ДЕПОНИЈА СО ОТРОВНИОТ ЛИНДАН ВО ОХИС, А ВРЗ ГОЛЕМАТА ЌЕ СЕ СТАВИ ГУМЕНА ПРЕКРИВКАИстражувањето на депониите со линдан во Охис ќе почне на 10-ти октомври, кажа Дарко Блинков, советник за аналитика, меѓународна соработка и проекти во Државниот инспекторат за животна средина. (Фото:СДК.МК)

    Детални истражувања на депониите од линдан во некогашниот хемиски гигант „Охис“ во Скопје треба да почнат следниот месец, а потоа ќе се прави и ремедијација на помалата депонија.

    Ова денес го најави Дарко Блиников, советник за аналитика, меѓународни мрежи и проекти во Државниот инспекторат за животна средина, кој рече дека со пари од УНИДО (Организацијата за индустриски развој на ОН) ќе се прави истражувањто, кое ќе го изведе грчката компанија „Полиеко“.

    „Овој проект го реализира УНИДО во соработка со Канцеларијата за Попс при Министерството за животна средина, а вклучен е и нашиот инспекторат. По истражувањето ќе се направи ремедијација на малата депонија, односно со соодветна инсталација на самото место ќе се прочистува контаминираната почва“, рече Блинков.

    Тој објасни дека засега големата депонија со линдан нема да се деконтаминира, односно дека со овој проект е предвидено таа да се прекрие со голема гумена прекривка, за да не го загадува воздухот и почвата.
    Линданот е отровен инсектицид, кој во кругот на фабриката „Охис“ е депониран со години. Според истражувањата на професори од одделот за хемија при Природно математичкиот факултет во Скопје, линданот го има во водата, почвата и воздухот околу „Охис“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира