ЌЕ СЕ КАЗНУВААТ МЕДИУМИТЕ ШТО ШПЕКУЛИРААТ ЗА ДЕВАЛВАЦИЈА НА ДЕНАРОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    ЌЕ СЕ КАЗНУВААТ МЕДИУМИТЕ ШТО ШПЕКУЛИРААТ ЗА ДЕВАЛВАЦИЈА НА ДЕНАРОТ

    Гувернерот Димитар Богов најави дека Народна банка ќе побара измени во законската регулатива за одговорност на лицата и на медиумите кои шират шпекулаци кои можат да го загрозат банкарскиот сектор и да предизвикаат негативни економски последици.

    Веќе се прават анализи каква е меѓународната пракса за ваквите ситуации. „Ги проучуваме праксите во современиот свет, соработуваме со меѓународни финансиски институции и некаде тоа е регулирано во закон за банки, а некаде во кривичниот законик“, рече Богов.

    Поводот за ова се априлските шпекулации за наводна девалвација на денарот и вештачки создадената криза на менувачкиот пазар на девизи, кога граѓаните повлекоа рекордни 58,5 милиони евра, а Народна банка интервенираше со 77 милиони евра на пазарот.

    На седница на Комисијата за финансирање и буџет гувернерот вчера истакна дека британското напуштање на ЕУ нема да се одрази на девизниот курс и сигурноста на банкарскиот сектор.  „Курсот на денарот е стабилен, нема дилеми за инфлација, гарантираме дека нема да има потреси за извозниците“, рече гувернерот на Народна банка, Димитар Богов по повод излегувањето на Велика Британија од Европска Унија и можните реперкусии врз македонската економија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира