ЌЕ СЕ МЕНУВААТ ЛЕКТИРИТЕ ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

    ЌЕ СЕ МЕНУВААТ ЛЕКТИРИТЕ ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕПредлог список на лектири подготвен е за наставата по македонски, турски и албански јазик;- Лектирата за второ одделение „Зоки Поки“ од Оливера Николова

    Министерството за образoвание ги повика стручните лица и наставниците од основните училишта да се вклучат во јавната дебата за новиот предлог список за лектири од второ до деветто одделение. Ревидираниот список на лектири на македонски, турски и албански јазик е изготвен од Бирото за развој на образованието, при што во секое одделение е предложено да има две задолжителни лектири и повеќе по избор.

    „Го освежуваме списокот лектири за да биде во чекор со интересите на учениците, односно да го поттикне и зголеми интересот за книгата кај младите читатели. Со ова сакаме да им дадеме слобода на наставниците во нивната работа и да се збогати изборот на лектири со кој тие би можеле да работат низ годините“, велат од Министерството за образование.

    Новиот предлог список на лектири Министерството ќе го достави на мислење и до универзитетите во земјава и до Друштвото на писатели на Македонија.

    Списокот е објавен на веб страницата на Министерството за образование, а предлози и забелешки треба да се достават најдоцна до 26 март.

    „Засега се подготвени списоците за лектири за наставата која се одвива на македонски, албански и турски наставен јазик, а во тек е изготвување на списокот за лектири на другите јазици на кои се изучува основното образование“, велат од Министерството за образование.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира