ЌЕ СЕ ОБЕЗБЕДАТ ПОСЕБНИ ТЕСТОВИ ЗА МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ ВО ЗЕМЈАВА, А СЕ ОДРЕДУВААТ И КЛИНИЧКИТЕ ПАТЕКИ ЗА ТРЕТМАН НА ПАЦИЕНТИ, ВЕЛАТ ОД КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    ЌЕ СЕ ОБЕЗБЕДАТ ПОСЕБНИ ТЕСТОВИ ЗА МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ ВО ЗЕМЈАВА, А СЕ ОДРЕДУВААТ И КЛИНИЧКИТЕ ПАТЕКИ ЗА ТРЕТМАН НА ПАЦИЕНТИ, ВЕЛАТ ОД КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИПорпаролот Злате Мехмедовиќ потенцираше дека оваа епидемија која се јавува во светски размери со мајмунските сипаници не е пропорционално идентична со пандемијата на ковид-19. (Фото: Фејсбук/принтскрин)

    Институтот за јавно здравје уште минатата недела стапи во контакт со СЗО за да се обезбедат посебни китови за дијагностицирање на мајмунските сипаници. Тоа ќе се иведува преку ПЦР тестирање, но се потребни посебни китови. Со СЗО се разговара и за набавка на терапија против овој вирус од вакцини и до специфиечниот лек, соопшти д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

    Комисијата покажува загриженост за тоа што има ширење на мајмунските сипаници во светот и тоа надвор од ендемичните региони како Централна и Западна Африка, но велат ситуацијата внимателно се следи во земјава.

    „Целта на Комисијата е да го подготвиме системот колку што е можно подобро за да одговориме на евентуална епидемија и во нашата земја. На Комисијата ги дискутиравме клиничките патеки за следење, скрининг, дијагностика и третман на евентуално заболени лица. Тие патеки да бидат точно дефинирани за да имаме подготвен здравствен систем“, рече Мехмедовиќ.

    Тој потенцираше дека оваа епидемија која се јавува во светски размери со мајмунските сипаници не е пропорционално идентична со пандемијата на ковид-19. Па, порача „да не бидат земени како паралела со ковид пандемијата, не би сакале да дигаме паника“.

    За вирусот на мајмунски сипаници рече дека иако постои половина век многу ретко се среќаваше на овие простори, па дијагностичките процедури кои се достапни во светот се оскудни во овој дел од европскиот континет, така што сите земји имаат проблеми во моментов да обезбедат квалитетна дијагностика и третман.

    Симптомите кои се јавуваат се слични како кај другите сипаници од промена на кожата, меурчиња, гној , на крај стануваат крусти, температура над 38 степени, болки во мускули, омалаксаност. На сајтот на Институтот за јавно здравје веќе е објавен памфлет за тоа како се пренесуваат, кои се симптомите, а ќе бидат објавени и постапките за хоспитализација.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира