КОГА СИ ВНАТРЕ ЗАБОРАВАШ КОЛКУ Е СТУДЕНО НАДВОР, ОДГОВОРИ ДИМИТРОВ ЗОШТО МАКЕДОНИЈА САКА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ЕУ

    КОГА СИ ВНАТРЕ ЗАБОРАВАШ КОЛКУ Е СТУДЕНО НАДВОР, ОДГОВОРИ ДИМИТРОВ ЗОШТО МАКЕДОНИЈА САКА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ЕУАко не ни се допаѓа во ЕУ, ќе го следиме вашиот пример - од интервјуто на Димитров за британската мрежа Скај њуз

    Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров во интервју за британската мрежа „Скај њуз“ изјави дека „тие што се внатре, често забораваат колку е студено надвор“,  одговарајќи на прашање што очекува од Велика Британија која излегува од Европската Унија.

    „Ако не ни се допаѓа, ќе го следиме вашиот пример. Но, во Лондон сум да ја добијам поддршката од најстарата демократија во светот за тоа што сметам дека е надежна иднина за Македонија. Успеавме да излеземе од длабока морална криза, посилни и позрели“, рече Димитров.

    На прашањето што е толку привлечно во ЕУ, имајќи предвид дека Британците одлучиле да ја напуштат, Димитров го истакна владеењето на правото, слободата на медиумите и просперитетот.

    „ Сметаме дека подобро можеме да се справиме со предизвиците ако дејствуваме заедно, како, на пример, за справувањето со бегалците и со мигрантите, климатските промени и со тероризмот. Мигрантската криза покажа колку Балканот е важен за безбедноста на Европа“, рече Димитров во интервју за „Скај њуз“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира