КОГА СЛОВЕНЦИТЕ БИ БИЛЕ БУГАРИ, ВИЕ НЕ БИ ИМАЛЕ НИКАКОВ ПРОБЛЕМ, МУ РЕЧЕ ПАХОР НА ПЕНДАРОВСКИ

    КОГА СЛОВЕНЦИТЕ БИ БИЛЕ БУГАРИ, ВИЕ НЕ БИ ИМАЛЕ НИКАКОВ ПРОБЛЕМ, МУ РЕЧЕ ПАХОР НА ПЕНДАРОВСКИИдсредбата на Пендаровски и Пахор во Охрид. (Фото: Инстаграм на Пахор)

    Претседателот на Словенија Борут Пахор, кој од вечерва ќе учествува на Преспа форумот за дијалог во Охрид, на денешната средба со претседателот Стево Пендаровски разговарал и за ветото на Бугарија за почнувањето на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

    Како што објави на Инстаграм Пахор, тој малку на шега, а малку навистина му рекол на Пендаровски “кога Словенците би биле Бугари, вие не би сте имале проблем”.

    На тоа Пендаровски му одговорил “кога Македонците би биле Словенци, ќе бевме во ЕУ веќе 20 години”.

    Според официјалното соопштение од кабинетот на македонскиот претседател, Пендаровски се заблагодарил за конзистентната словенечка поддршка на билатерален, регионален и мултилатерален план, особено гласна за време на претседавањето на Словенија со Советот на ЕУ, додавајќи дека приоритеризирањето на прашањето за европска интеграција на регионот е постојано високо на агендата на словенечката надворешно-политичка агенда.

    Претходно денеска, Пендаровски на прес-конференцијата со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во Охрид рече дека Македонија очекува и од ЕУ и од Бугарија писмени гаранции дека ова е последно барање на Бугарија за кревање на ветото, за да не се повторат други од оваа или некоја следна бугарска влада.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира