КОМАНДИРОТ НА СТАНИЦАТА ГАЗИ БАБА ПРЕД ПЕНЗИЈА СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЛ ПОЛИЦАЈКА, МУ СЕ ЗАКАНУВА БРКАЊЕ ОД РАБОТА И ОБВИНЕНИЕ

    КОМАНДИРОТ НА СТАНИЦАТА ГАЗИ БАБА ПРЕД ПЕНЗИЈА СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЛ ПОЛИЦАЈКА, МУ СЕ ЗАКАНУВА БРКАЊЕ ОД РАБОТА И ОБВИНЕНИЕКомандирот добил пријави и од други полицајки кои сексуално ги малтретирал, но поради застареност на делата, тие не можеле да се процесираат за дисциплинска постапка, но не и за кривична. (архивска фотографија)

    Командирот на полициска станица Гази Баба Сашо В., кој е пред пензионирање, сексуално вознемирувал колешка од станицата, поради што против него е поведена дисциплинска постапка, суспендиран е и пријавен во обвинителството за организиран криминал и корупција.

    Овој полицаец добил пријави и од други полицајки кои сексуално ги малтретирал, но поради застареност на делата, тие не можеле да се процесираат за дисциплинска постапка, но не и за кривична. Малтретираната полицајка случајот го пријавила во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР, откако за одбиените непристојни предлози, од шефот добила закани.

    „Во координација со Секторот за внатрешни работи Скопје по добиено известување за сексуално вознемирување, Одделот за внатрешна контрола ги изврши потребните проверки и службени разговори со вмешаните лица во случајот. Констатираше дека лицето С. В (49) – командир на полициската станица од општа надлежност Гази Баба, во текот на 2019 година во повеќе наврати, а последен пат на 07.11.2019, искористувајќи ја позицијата командир на полициска станица, сексуално вознемирувал полициска службеничка вработена во станицата со непристојни предлози кои на крајот резултирале со закана кон неа поради одбивање на предлозите“, вели МВР.

    Воедно било утврдено констатирано дека на 30.05.2019 С.В. не постапил согласно планот за контрола на службите во ПС Гази Баба, а притоа не изготвил службена белешка за самоволното однесување. Истиот ден командирот без да извести некој од претпоставените, со службено возило се упатил во село Брњарци каде се задржал неколку часа.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира