КОМЕМОРАЦИЈА ЗА МАЕСТРО ЃУМАР ЗАДУТРЕ ВО МОБ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КОМЕМОРАЦИЈА ЗА МАЕСТРО ЃУМАР ЗАДУТРЕ ВО МОБ

    Комеморативната седница за прерано починатиот маестро, Саша Николовски-Ѓумар е задутре во 11 часот во Македонската опера и балет, соопштуваат од факултетот за музичка уметност во Скопје, кадешто Николовски беше редовен професор.

    Посмртните останки ќе бидат изложени во Капелата на градските гробишта „Бутел” од 13 часот, а погребот ќе се одржи во 14 часот.

    Од ФМУ велат дека проф. м-р Саша Николовски-Ѓумар зазема значајно место во македонската музичка историја, помеѓу музичките великани.

    „Студентите, неговите колеги и соработници ќе го паметат по неговиот влог во македонската музика, неговата педагошка дејност, по неговиот раскошен талент и музикалност.

    Маестро Саша го красеа вистински човечки епитети, скромност и доследност, ненаметлив, духовит, човечен.

    Македонија и македонската музичка сцена, изгуби голем уметник и човек, тој живееше на сцената, дишеше заедно со своите музичари, со неговиот поглед, израз, став, харизма, тој самиот беше музика”, вели Факултетот за музичка уметност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира