КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА И ВИЗА ОРГАНИЗИРААТ НАГРАДНА ИГРА СО ПАТУВАЊЕ ВО БАРСЕЛОНА И СРЕДБА СО ЛАМИНЕ ЈАМАЛ

    КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА И ВИЗА ОРГАНИЗИРААТ НАГРАДНА ИГРА СО ПАТУВАЊЕ ВО БАРСЕЛОНА И СРЕДБА СО ЛАМИНЕ ЈАМАЛНаградната игра овозможува патување во Барселона за две лица, присуство на фудбалски натпревар на ФК Барселона на стадионот „Камп Ноу“. (Фото: Инстаграм)

    Комерцијална банка започна наградна игра во соработка со Виза, наменета за корисниците на нивните платежни картички, која овозможува патување во Барселона за две лица, присуство на фудбалски натпревар на ФК Барселона на стадионот „Камп Ноу“ и средба со светската фудбалска ѕвезда Ламине Јамал.

    Право на учество во наградната игра насловена Плаќај со Виза и запознај се со Ламине Јамал имаат клиентите кои во периодот до 31 октомври 2026 година ќе направат плаќање со картичките Visa Debit, Visa Classic Revolving, Visa Classic Standard, Visa Signature или Visa Gold од Комерцијална банка.

    Секоја реализирана трансакција носи еден код за учество, додека плаќањата извршени преку дигиталните паричници Google Pay, Apple Pay или Garmin Pay обезбедуваат два кода, односно двојна можност за добивка.

    Во наградната игра автоматски се вклучуваат и новите корисници, кои добиваат по еден код со секоја новоактивирана картичка од брендот Visa. Секое следно плаќање го зголемува бројот на кодови за извлекувањето, кое ќе му овозможи на еден добитник и негов придружник ексклузивно спортско патување и директна средба со фудбалерот.

    Извлекувањето на добитникот е предвидено да се одржи на 3 ноември 2026 година, а целосните правила и деталите се достапни на официјалната интернет-страница.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира