КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ЌЕ ДОНИРА 485.000 ЕВРА ЗА ФОНДАЦИЈАТА „ЗАЕДНО ЗА ЕДНО“ ОСНОВАНА ЗА ПОМОШ НА НАСТРАДАНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

    КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ЌЕ ДОНИРА 485.000 ЕВРА ЗА ФОНДАЦИЈАТА „ЗАЕДНО ЗА ЕДНО“ ОСНОВАНА ЗА ПОМОШ НА НАСТРАДАНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИКомерцијална банка е и еден од основачите на фондацијата „Заедно за едно“ (Фото: Фејсбук)

    Комерцијална банка ќе обезбеди финансиска поддршка од 30 милиони денари (485.000 евра) за новата фондација „Заедно за едно“, основана во рамките на Македонската банкарска асоцијација за да помогне на повредените и семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, во кој загинаа 61, а повредени се околу 200 лица. Овој износ банката ќе го донира на Фондацијата за 2025 година, а за наредните години, согласно потребите на настраданите и можностите на банката, ќе се носат посебни одлуки.

    Комерцијална банка е и еден од основачите на фондацијата „Заедно за едно“, која има за цел да обезбеди долгорочна финансиска поддршка и грижа за настраданите лица и за нивните најблиски.

    „Значајните донации што во наредниот период ќе ги обезбеди Комерцијална банка преку новата фондација претставуваат конкретен израз на нашата желба да им помогнеме на повредените, нивните најблиски, како и на семејствата на загинатите со помалку болка и тешкотии да се справат со последиците од оваа ужасна трагедија. Банката ќе донира финансиски средства за долгорочна помош за настраданите и нивните семејства, кои ќе бидат наменети за задоволување на основните потреби (храна, облека, сместување, лекови), покривање трошоци за медицински третмани, операции и рехабилитација, поддршка за менталното здравје и за стипендии и грантови за поддршка во образованиот процес и во професионалната реинтеграција“, објави Комерцијална банка.

    Сите потребни информации ќе бидат објавени на веб-страницата mba.mk.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира