КОМИСИЈАТА ЗА УПОТРЕБА НА ИМИЊА УТВРДИ ДЕКА ВАНЧО МИХАЈЛОВ Е ЛИЧНОСТ БЛИСКА СО ФАШИСТИЧКАТА ИДЕОЛОГИЈА

    КОМИСИЈАТА ЗА УПОТРЕБА НА ИМИЊА УТВРДИ ДЕКА ВАНЧО МИХАЈЛОВ Е ЛИЧНОСТ БЛИСКА СО ФАШИСТИЧКАТА ИДЕОЛОГИЈАОд отворањето на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола во април 2022 година. (Фото: СДК.МК)

    Комисијата за употреба на имиња на личности на денешната седница даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов поднесено од бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ од Битола, соопшти Министерството за правда. Заклучокот од седницата ќе се проследи до министерот за правда кој ќе треба да донесе одлука по претходно добиеното негативно мислење од Комисијата.

    „Комисијата за употреба на имиња на личности смета дека именувањето на здружението Иван Михајлов е провокација за националните чувства на македонскиот народ имајќи предвид дека се работи за личност блиска со фашистичка идеологија кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост,нетолеранција и омраза во македонското општество“, се вели во соопштението.

    Според Законот за здруженија и фондации, за употреба на име, презиме, прекар, псевдоним, кратенка или иницијали на историска личност, согласност дава министерот за правда по претходно добиено позитивно мислење на Комисијата за употреба на имињата на историски личности, а која ја формира самиот министер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира