КОРИСНИЦИТЕ НА СОЦИЈАЛНА ПОМОШ ЦЕЛОСНО ИЗЗЕМЕНИ ОД ПРИСИЛНА НАПЛАТА НА ДОЛГОВИ

    КОРИСНИЦИТЕ НА СОЦИЈАЛНА ПОМОШ ЦЕЛОСНО ИЗЗЕМЕНИ ОД ПРИСИЛНА НАПЛАТА НА ДОЛГОВИПримената на новите законски одредби се однесува и за веќе започнатите извршувања како поповолен закон за граѓаните. - Министерката за правда Рената Дескоска (Фото: СДК.МК)

    Со усвојувањето на измените на Законот за извршување во Собранието, целосно се изземаат од присилна наплата на долговите корисниците на социјална помош. Дополнително, се намалува максималната вредност која што извршителите можат да ја наплаќаат од месечните примања на должниците, и тоа од една третина на една петина, но само за оние кои примаат до просечна плата или пензија.

    „Измената на Законот за извршување е одраз на реалната потреба за помош и поддршка на загрозените категории на лица кои се соочуваат со егзистенцијални проблеми, но и на социјално ранливите групи на лица, кои не по своја вина не се во можност да го намират своите долгови без да им се загрози егзистенцијата, не само лична, туку и на нивните семејства“, напиша министерката за правда Рената Дескоска на Фејсбук, откако Собранието вчера ги усвои законските измени.

    Таа додаде дека примената на новите законски одредби се однесува и за веќе започнатите извршувања како поповолен закон за граѓаните.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира