Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Коце Трајановски и Петре Шилегов, денеска потпишаа Кодекс за фер и демократски избори во просториите на Државната изборна комисија, заедно со останатите петмина кандидати за градоначалници на Скопје, Ѓорги Тодоров од НДМ, Насије Селмани од БЕСА, Ванчо Шехтански од ТМОРО, Марија Џонс од Левица и Наим Бајрами од Алијанса на Албанците. Кандидатот на ДПА Беким Фазлиу тоа ќе го направи дополнително.
Со потпишувањето на кодексот, кандидатите се обврзуваат дека нема да вршат никаков притисок или обид за притисок врз вработените во јавната и државната администрација, во други институции или установи, финансирани од Буџетот на РМ, буџетите на општините и град Скопје, како и во трговски друштва и претпријатија со државен капитал.