КОВАЧЕВСКИ СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДОГОВОРИ НОВА МЕТОДОЛОГИЈА ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ДВАПАТИ ГОДИШНО, А ЌЕ ДОБИЈАТ И ПО 1.000 ДЕНАРИ ПОМОШ ВО НАРЕДНИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ

    КОВАЧЕВСКИ СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДОГОВОРИ НОВА МЕТОДОЛОГИЈА ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ДВАПАТИ ГОДИШНО, А ЌЕ ДОБИЈАТ И ПО 1.000 ДЕНАРИ ПОМОШ ВО НАРЕДНИТЕ ТРИ МЕСЕЦИПремиерот Ковачевски вели ќе се креира модел кој ќе овозможи усогласување и пораст на пензиите кои нема да зависат од политичката волја на која било власт. (Фото: Фејсбук)

    Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека договорил историско зголемување на пензиите на денешната средба претставници на Сојузот на здруженијата на пензионерите и Партијата на пензионерите, со кое во просек буџетот на пензионерите ќе биде поголем за околу 12.000 денари на крајот на годината.

    Владата и претставниците на пензионерите договорија промена на методологијата за усогласување и пораст на пензиите, како и дополнителна финансиска помош за пензионерите од по 1000 денари за април, мај и јуни, поради енергетската криза и заради економската криза која произлегува, како од корона-кризата, така и од војната која што се води во Украина

    „Со новата методологија, која ќе ги земе предвид 50% од трошоците за живот и 50% од просечната плата, пензиите континуирано ќе растат. На крајот на годината, во просек буџетот на пензионерите ќе е поголем за околу 12.000 денари. Воедно, со пакетот финансиска помош, речиси 330 илјади пензионери ќе добијат по 1.000 денари за март, април и мај“, вели Ковачевски.

    Усогласувањето на пензиите ќе се врши двапати во годината и тоа во март и септември кога Државниот завод за статистика ги дава официјалните податоци.

    Со ова, додаде Ковачевски, ќе се креира модел кој ќе овозможи усогласување и пораст на пензиите кои нема да зависат од политичката волја на која било власт.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира