КРЕАТОРОТ НА ЛАЖНИ ВЕСТИ ОД КУМАНОВО Е ВРАБОТЕН КАКО ПРОФЕСИОНАЛЕН ВОЈНИК, ПОТВРДИЈА ОД АРМ

    КРЕАТОРОТ НА ЛАЖНИ ВЕСТИ ОД КУМАНОВО Е ВРАБОТЕН КАКО ПРОФЕСИОНАЛЕН ВОЈНИК, ПОТВРДИЈА ОД АРМЏони Смит е еден од лажните профили на Фејсбук на војникот Слаѓан Бојковски, според истражувањето на холандскиот сервис за откривање на лажни вести „Њузчекерс“. (Фото: Фејсбук)

    Креаторот на лажни вести од Куманово Слаѓан „Цаго“ Бојковски, кој се споменува како централна фигура во истражување на холандскиот сервис за откривање на лажни вести „Њузчекерс“, е вработен како професионален војник во АРМ, потврдија од Генералштабот на АРМ за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    „Лицето кое се споменува во написите во медиумите е вработено како професионален војник во АРМ од јануари 2002 година“, велат од АРМ.

    Војникот од Куманово, како што вели белгискиот програмер Мартен Схенк кој го направи истражувањето, стои зад мрежа од сајтови за лажни вести што допреле со милиони луѓе, најмногу во Америка, со говор на омраза за мигранти и муслимани. Заедно со семејството и пријателите, тој ги ширел лажните вести преку Фејсбук и Твитер, дел отворено, дел со лажни профили на социјалните мрежи.

    Пред да биде објавено истражувањето, Схенк го исконтактирал Бојковски за мрежата за лажни вести и добил одговор дека „сите во Македонија секако тоа го прават“.

    Профилот на Бојковски на Фејсбук кој е објавен на белгискиот сервис за откривање лажни вести веќе не постои, а неговиот профил на Твитер нема твитови, ниту следбеници.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира