КРИМИНАЛОТ Е НАМАЛЕН ЗА ШЕСТ ОТСТО, ЕФИКАСНОСТА НА ПОЛИЦИЈАТА Е НАЈВИСОКА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 20 ГОДИНИ, ВЕЛИ ТОШКОВСКИ

    КРИМИНАЛОТ Е НАМАЛЕН ЗА ШЕСТ ОТСТО, ЕФИКАСНОСТА НА ПОЛИЦИЈАТА Е НАЈВИСОКА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 20 ГОДИНИ, ВЕЛИ ТОШКОВСКИМинистерот Тошковски рече дека во текот на изминатата година биле сузбиени 16 организирани криминални групи во кои дејствувале вкупно 205 лица. (Фото: МВР)

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на одбележувањето на 7 Мај – Денот на македонската полиција, изјави дека во време на сложени безбедносни предизвици, улогата на полицијата е клучна за сигурноста и за зачувување на довербата на граѓаните. Тој вели дека во изминатиот период државата покажала сериозен капацитет во справувањето со криминалот, при што е забележан пад на вкупниот криминалитет за повеќе од шест проценти.

    Според статистичките податоци на Министерството, вкупниот криминалитет во земјата е на најниско ниво во последните 20 години. Ефикасноста во работењето на полицијата изнесува 67,2 проценти, што претставува рекорден резултат во истиот период. Тошковски изјави дека овие бројки имаат подлабоко значење од самата статистика и се потврда дека државата нема да отстапи пред криминалот, а законите мора да важат подеднакво за сите граѓани.

    Во текот на изминатата година биле сузбиени 16 организирани криминални групи во кои дејствувале вкупно 205 лица. Во областа на борбата против корупцијата се реализирани повеќе значајни постапки за случаи од висок профил, при што се разбиени четири криминални групи. Овие активности покажуваат дека институциите повторно стануваат посилни од поединците кои се обидуваат да бидат над законот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира