Кај село Пресница, Oпштина Липково, денеска околу 17.30 часот полицијата го фатила избеганиот затвореник Фидан Асани.
Асани, осуденик за разбојништво, криумчарење мигранти и предизвикување општа опасност, утринава на враќање од Клиничкиот центар им избега на двајца чувари од затворот „Идризово“ во Автокоманда во Скопје, кога тие си купувале сендвичи, а му нарачале и на затвореникот во комбето.
Асани ја искористил можноста дека затворското возило не било заклучено и спокојно си побегнал.
Двајцата затворски чувари се суспендирани, кажа веднаш директорот на затворот „Идризово“ Боби Мојсоски.
С. К. ДЕЛЕВСКА