КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ ЗА НЕЛЕГАЛНО ПРИСЛУШУВАЊЕ

    КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ ЗА НЕЛЕГАЛНО ПРИСЛУШУВАЊЕНа 4 април годинава, улицата Мице Козар во Прилеп се одржал ненајавен протестен собир организиран од страна на движењето „Бојкотирам“, на кој осомничените пуштале на звучници нелегално прислушувани телефонски разговори. (Фото: СДК.МК)

    Прилепската полиција до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава за кривичното дело Неовластено прислушување и тонско снимање против Љупчо Палевски, еден од водачите на „Бојкотирам“, и уште три лица, кои на 4 април во Прилеп на звучници пуштале аудиоснимки од нелегално прислушувани разговори, соопшти МВР.

    „Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ПС од ОН Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против четири лица: Љ.П. (55), од Тетово, Г.Н. (49) од Прилеп, Т.М. (44) од Битола, и Г.Т. (51) од Прилеп поради постоење основано сомнение дека го сториле кривичното дело – ’Неовластено прислушување и тонско снимање‘ предвидено и казниво по чл. 151 ст. 2 од КЗ на РСМ“, се вели во соопштението.

    Од МВР велат дека наредниот ден четворицата биле задржани во полициската станица во Прилеп, а биле извршени и претреси во нивните домови.

    „На 05.04. Љ.П., Г.Н. и Т.М. се задржани во ПС-ОН Прилеп. Со Наредби за претрес од Основен Суд Прилеп, кај Г.Н., Т.М. и Г.Т. извршени се претреси во нивните домови, а за првопријавениот – извршен е претрес на неговото ПМВ марка Цитроен Ц4 Кактус кое сам го донел во кругот на ПС-ОН Прилеп. Одземените предмети (нивните мобилни телефони, мемориски картички, УСБ стикови и друга електронска и компјутерска опрема) се доставени за вештачење во МВР на РМ – ОКТИВ Скопје. Истовремено, од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при БЈБ на МВР доставен е прилог ДВД со документирани профили на социјалната мрежа Фејсбук“, велат од МВР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира