КРИВИЧНА ЗА ПАНЧЕВСКИ И ОД ВРАБОТЕНИ ВО СУДОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(Мета)

    КРИВИЧНА ЗА ПАНЧЕВСКИ И ОД ВРАБОТЕНИ ВО СУДОТ

    Вработени во Основниот суд Скопје 1 поднеле нова кривична пријава против претседателот на судот, Владiмир Панчевски, со која го товарат дека ја злоупотребил службената положба, односно дека на 4 ноември распишал интерен оглас за позицијата судски администратор иако, според Законот за судска служба, за ова место е предвидено да биде распишан јавен оглас, јави агенцијата „Мета“.

    Во врска со огласот, како што јавуваат медиумите, реагирал раководителот на секторот за човеки ресурси во Основниот суд Скопје 1, Горан Стаменковски, но на 18 ноември, сепак, била донесена одлука и за судски администратор била избарана Роза Кавазова, која претходно работела како службено лице за посредување со информации од јавен карактер во Кривичниот суд.

    Вработените во кривичната пријава го товарат Панчевски дека тргнувајќи од личното пријателство со Роза Кавазова, ја злоупотребил службената положба, ги пречекорил службените овластувања и ја избрал Кавазова за судски администратор.

    На почетокот на месецов, кривична пријава против Панчевски за примање награда за противзаконито влијание поднесе судијата Иван Џолев. На кривичната пријава претседателот на Кривичниот суд одговори со контрапријава против Џолев за лажно пријавување кривично дело.

    Десетина дена подоцна, 13 судии од Кривичниот суд до Судскиот совет поднесоа претставка против Панчевски, во која го обвинуваат дека ја злоупотребува официјалната интернет-страница на судот со објавување „лични постапувања и ставови за одреден судија“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира