СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т.(40) и М.Д.(43) од Куманово поради сомнение за сторено кривично дело уцена.
Според соопштението од полицијата, првопријавената е поранешна вработена во угостителски објект во Куманово. Таа на 7 февруари годинава го уценувала сопственикот дека ќе објави фотографии на социјалните мрежи како доказ за несоодветно ракување со храната доколку не ја врати на работа или не ѝ исплати 5.000 евра. Намерата на Б.Т. била да создаде негативна слика во јавноста и да му наштети на угледот на угостителскиот објект.
Од СВР Куманово велат дека во извршувањето на делото на кумановката ѝ помагал второпријавениот М.Д.



