КУМЕ, ДА ТИ ДАДАМ СПИСОК ОД ЖЕНСКИВЕ ВО ЦЕНТАР, СУМ ГИ ПОПАРИЛ, МУ ВЕЛИ СОГОВОРНИК НА ЈАНАКИЕСКИ ВО БОМБИТЕ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2013

    КУМЕ, ДА ТИ ДАДАМ СПИСОК ОД ЖЕНСКИВЕ ВО ЦЕНТАР, СУМ ГИ ПОПАРИЛ, МУ ВЕЛИ СОГОВОРНИК НА ЈАНАКИЕСКИ ВО БОМБИТЕ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2013Обвинетиот ексминистер Миле Јанакиески упорно бара список на вработени во јавната и државната администрација. - Миле Јанакиески пред Основниот суд Скопје 1 (Фото: СДК.МК)

    Во продолжение на бомбите на судењето за предметот „Титаник“ на СЈО за злосторничко здружување и за изборни нерегуларности, се слуша како по првиот круг за избор на градоначалник на Општина Центар, продолжуваат притисоците врз гласачите со уште поголема жестина.

    Обвинетиот Миле Јанакиески го бара избирачкиот список за да види кој од вработените во администрацијата не гласал и кој од нив гласал, за да донесе во вториот круг уште повеќе гласачи, комшии, роднини, познаници.

    Јанакиески ја наоѓа по телефон Марта, која му вика дека е во Емирати. Упорно и бара список на вработени во јавната и државната администрација. Таа му вели: „За јавна ќе ти дадам, ама за државна потешко. Барај го Иво министерот“.

    Миле му врти на Иво Ивановски и тој истото му го кажува на Миле, дека за државна администрација нема список на вработени.

    Јанакиески во следен разговор, на 27 март 2013 година, прашува соговорник за згради во Центар, кој живеел во нив, ги планира за гласање. Дискутираат за неколку згради и пред да завршат соговорникот му вика: „Куме, да ти дадам список од женскиве од Центар, сум ги попарил, хахаха“. Се смејат задоволно двајцата.

    Потоа на друг соговорник Јанакиески му предлага да ги потсетат „тие што користеле кредит од владата по 3.000 евра за мали бизниси“, да гласаат за Тодоровиќ во вториот круг.

    Во следен разговор соговорничка Ирена Мишева му предлага да им влезе инспекција на таксисти од Центар. Го таргетира „Ројал такси“ да го притиснат за гласање, зашто бил „најшљам“ од таксистите и со криминал.

    Миле прави како што вели, систем на гласање во вториот круг. Се фали дека под себе ги има школите во Центар компании, фирми, администрацијата. Го бара избирачкиот список да ги провери Ромите од Центар по матичен број.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира