Адвокатите на обвинетите за бесправно градење, новинарот и бизнисмен Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа Звездан и Срѓан, бараат јавноста да се исклучи од судницата кога ќе се слушаат бомбите за „Тревник“. Доказната постапка за овој случај на СЈО, чие судење почна денеска, стартува токму со слушање на разговори за градењето на трите куќи на Павловиќ, без одобренија за градба.
„Новинарите не треба да ги интересираат лични работи и ставови на обвинетите кон трети лица кои не се присутни во постапката за ‘Тревник’“, рече пред судијката Марија Клетничка адвокатката на обвинетите браќа.
Судијката по паузата рече дека разговорите сепак ќе се пуштаат на 4 јули, на наредното рочиште, до кога обвинетите треба да достават барање и причини кои бомби тие сметаат дека не треба да ги чуе јавноста.
„Судот на четврти ќе одлучи што ќе се пушта“, рече судијката Матија Клетничка и го прекина денешното судење.
С. К. ДЕЛЕВСКА