Новинарот и бизнисмен Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа Звездан и Срѓан денеска седнаа на обвинителна клупа во Основниот суд Скопје 1 да одговараат за бесправна градба на три објекти во Зелениково во предметот „Тревник“ на СЈО.
Тројцата рекоа дека не се чувствуваат виновни.
Според обвинението на СЈО, тројцата куќите почнале да си ги градат на диво во јули 2011 година, дури во декември 2012 година поднеле барања за одобренија, а општина Зелениково им одобрила градба дури на 24 јануари 2013 година.
Тогаш три објекти веќе биле изградени. Како што стои во обвинението, Латас незаконски изградил објект од 317 метри квадратни, Срѓан од 130, Звездан од 105 метри квадратни.
С. К. ДЕЛЕВСКА