Апелациониот суд Скопје ги ослободи новинарот и бизнисмен Драган Павловиќ-Латас и неговите двајца браќа од обвинението за противправно градење, откако вишиот обвинител Јове Цветановски го повлекол обвинението против тројцата.
Нив во случај познат како „Тревник” ги обвини поранешното Специјално јавно обвинителство.
Овој предмет се најде во Апелација по жалба од основниот јавен обвинител во предметот, а зошто Јове Цветановски не застанал на страна на колегите, ќе се види од целосната пресуда која Апелациониот суд Скопје најави дека ќе ја објави на веб-страната.
Според обвинението на поранешното СЈО, браќата Павловиќ се обвинети дека куќите почнале да си ги градат на диво во јули 2011 година, а дури во декември 2012 година поднеле барања за одобренија. Општина Зелениково им одобрила градба дури на 24 јануари 2013 година.
С. К. ДЕЛЕВСКА