ЛАВРОВ ЈА ОТКАЖА ПОСЕТАТА НА СРБИЈА ОТКАКО И МАКЕДОНИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ПРЕЛЕТ НА НЕГОВИОТ АВИОН

    ЛАВРОВ ЈА ОТКАЖА ПОСЕТАТА НА СРБИЈА ОТКАКО И МАКЕДОНИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ПРЕЛЕТ НА НЕГОВИОТ АВИОНЛавров требаше денеска и утре да гостува во Србија (Фото: ЕПА)

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја откажа најавената дводневна посета на Србија, планирана за денеска и утре, откако три соседни држави го затворија својот воздушен простор за неговиот авион. Покрај Бугарија, која е членка на ЕУ, и Македонија и Црна Гора не дозволиле прелет на авионот со кој Лавров требало да допатува, потврди портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

    Руската инвазија на Украина ја натера Европската Унија да го затвори својот воздушен простор за руските авиони, на што се придружија и бројни други држави.

    Во исто време, Србија ги задржа пријателските односи со Русија и не ги поддржа западните санкции. Таа е силно зависна од рускиот гас, кој требаше да биде една од темите на разговорите помеѓу Лавров и претседателот Александар Вучиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира