ЛИДЕРИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ПОТПИШАА ДОГОВОРИ ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА ДИПЛОМИ И ДВИЖЕЊЕ СО ЛИЧНИ КАРТИ НА САМИТОТ ЗА БЕРЛИНСКИ ПРОЦЕС

    ЛИДЕРИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ПОТПИШАА ДОГОВОРИ ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА ДИПЛОМИ И ДВИЖЕЊЕ СО ЛИЧНИ КАРТИ НА САМИТОТ ЗА БЕРЛИНСКИ ПРОЦЕСКовачевски, Абазовиќ и Курти на потпишувањето на договорите во Берлин. (Фото: Влада)

    Лидерите од земјите од Западен Балкан денеска потпишаа три регионални договори за мобилност на Самитот за Берлински процес што се одржува денеска во германскиот главен град Берлин.

    Од Владата велат дека договорите се однесуваат на однесуваат на заемно признавање на високообразовните квалификации во земјите од Западен Балкан, меѓусебно признавање на високообразовните квалификациите за докторите на медицина, денталната медицина и архитектите, како и за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан.

    „Потпишувањето на овие меѓународни договори треба да ја зајакне соработката помеѓу Северна Македонија, Албанија, Србија, БиХ, Црна Гора и Косово во делот на реформските процеси, заедничките пазари, меѓусебно признавање на професионалните квалификации, слободно движење на луѓе и стоки и истата треба да придонесе за забрзан регионален економски раст и развој“, соопштија од Владата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира