ЛИДЕРОТ НА ЛДП МИЛЕВСКИ НАПАДНАТ СО ТУПАНИЦИ НА СКОПСКИОТ ПЛОШТАД

    ЛИДЕРОТ НА ЛДП МИЛЕВСКИ НАПАДНАТ СО ТУПАНИЦИ НА СКОПСКИОТ ПЛОШТАДПратеникот и лидер на ЛДП Горан Милевски во Собранието (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на ЛДП Горан Милевски вчера во 16.30 часот бил нападнат на скопскиот плоштад Македонија од непознато лице.

    Милевски, кој е пратеник, добил неколку тупаници по главата и лицето, по што напаѓачот веднаш избегал. Милевски нападот го пријавил во полиција.

    Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека лидерот на ЛДП Горан Милески бил нападнат.

    „Додека се движел по плоштадот Македонија, Милевски бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки и активности за расчистување на целиот случај“, изјавија од МВР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира