ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ МИЦКОСКИ ОБЈАВИ ДЕКА Е БОЛЕН ОД КОРОНАВИРУС

    ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ МИЦКОСКИ ОБЈАВИ ДЕКА Е БОЛЕН ОД КОРОНАВИРУСМицкоски вели дека се заразил иако ги почитувал сите препораки (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави дека имал позитивен тест за коронавирус. Во објава на својата фејсбук страница, тој вели дека имал полесни симптоми.

    „По забележаните првични полесни симптоми, ги добив резултатите од тестирањето, кои кажуваат дека сум позитивен на коронавирус. Иако ги почитував сите препораки на здравствените лица, се покажува дека тоа, сепак, не е секогаш доволно. Ќе го поминам и ова“, напиша Мицкоски.

    Минатото лето, и двајцата родители на Мицкоски прележаа ковид-19, а се лекувале во приватна болница во Скопје. На крајот на ноември, Мицковски во интервју на ТВ 21 кажа дека според серолошкиот тест што го направил во почетокот на ноември имал антитела иако не бил болен од ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира