ВМРО-НП, Обединети за Македонија и Достоинство денеска договорија заеднички настап на претстојните избори со коалицијата „ВМРО за Македонија“. Договорот го потпишаа лидерите на трите партии, Љубчо Георгиевски, Љубе Бошкоски и Стојанче Ангелов.
Шеф на изборниот штаб на „ВМРО за Македонија“ ќе биде Ден Дончев, а од новата коалицијата засега не ги откриваат носителите на кандидатските листи за изборите на 11 декември.