ЛУФТХАНЗА ЌЕ ЛЕТА ОД СКОПЈЕ ЗА ФРАНКФУРТ 10 ПАТИ НЕДЕЛНО ОД АПРИЛ

    ЛУФТХАНЗА ЌЕ ЛЕТА ОД СКОПЈЕ ЗА ФРАНКФУРТ 10 ПАТИ НЕДЕЛНО ОД АПРИЛКартите за летовите Скопје-Франкфурт се веќе во резервациониот систем на Луфтханза. - Авион на Луфтханза на аеродромот во Франкфурт (Фото: СДК.МК)

    Германската авиокомпанија Луфтханза се враќа во Македонија по пауза од 20 години и од 23 април идната година ќе лета од Скопје за Франкфурт 10 пати неделно. Луфтханза денеска соопшти дека отвора четири нови летови од Франкфурт, меѓу нив и Скопје.

    „Луфтханза ќе почне да го нуди Скопје од 23 април и ќе се поврзе со главниот град на Северна Македонија и до два пати дневно. Летовите со броевите ЛХ1540 и ЛХ1452 ќе бидат атрактивни и за бизнис патници и за туристи. Луфтханза ја засилува својата позиција во Источна Европа додавајќи го Скопје“, се вели во соопштението на германската компанија.

    Картите за летовите Скопје-Франкфурт со можност за конекции на над 200 дестинации низ светот се веќе во резервациониот систем на Луфтханза.

    За Франкфурт од Скопје лета и нискобуџетната унгарска компанија Визер, но до аеродромот Франкфурт-Хан, кој е 120 километри од градот и не нуди можност за вразни летови.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира