М-ТАГ УРЕДОТ ЗА ПЛАЌАЊЕ ПАТАРИНА МОЖЕ ДА СЕ КУПИ И ВО ПРОДАВНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ

    М-ТАГ УРЕДОТ ЗА ПЛАЌАЊЕ ПАТАРИНА МОЖЕ ДА СЕ КУПИ И ВО ПРОДАВНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМЦената на уредот е 1.175 денари со ДДВ и може да се плати на 24 рати.(Фото: СДК.МК)

    Македонски Телеком од денеска почна со продажба на M-ТАГ уреди за електронско плаќање патаринисоопшто компанијата. Со овој уред поминувањето на наплатните рампи на Јавното претпријатие за државни патишта е брзо и без чекање.

    Цената на уредот е 1.175 денари со ДДВ и може да се плати на 24 рати. За наплата на патарините преку М-ТАГ достапни се три начина: со платежна картичка, со месечна постпејд сметка или со надополнување на припејд сметка.
    За активирање на M-TAG, потребна е регистрација на: www.telekom.enp.mk

    Уредот се поставува на внатрешната страна на ветробранското стакло на возилото. Во специјално означената М-ТАГ лента, системот го препознава уредот, наплатата се извршува автоматски и рампата се отвора без запирање.

    Засега М-ТАГ може да се користи во Македонија, а наскоро и во соседните земји.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира