МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ПОСТИГНАА ОСНОВА ЗА КОМПРОМИС ЗА ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО

    МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ПОСТИГНАА ОСНОВА ЗА КОМПРОМИС ЗА ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВОВикендов во Софија македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Димитров и неговата бугарска колешка Екатерина Захариева одржаа консултации за Договорот за добрососедство.

    Бугарското министерство за надворешни работи соопшти дека е постигната основа за компромис за Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија, а следна фаза е консултации и внатрешни процедури. Соопштението на бугарското МНР доаѓа по консултациите кои што викендов во Софија ги одржаа македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Димитров и неговата бугарска колешка Екатерина Захариева.

    „Делегации од Министерството за надворешни работи на Република Бугарија и од Министерството за надворешни работи на Република Македонија, предводени од министерот Екатерина Захариева и министерот Никола Димитров, одржаа дводневни консултации за проектот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави. Разговорите, кои се одржаа во Бугарија, поминаа во конструктивна атмосфера. Постигната беше основа за компромис. Следниот чекор е пристапување кон консултации и внатрешно усогласување“, се вели во соопштението на бугарското МНР.

    Премиерот Зоран Заев на 20 јуни беше во Софија каде што се сретна со неговиот бугарски колега Бојко Борисов. По средбата двајцата изјавија дека договорот меѓу двете земји е речиси при крај и дека останува уште мал дел да се договори на ниво на министерства за надворешни работи и дека договорот би можел да се потпише на 2 август.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира