МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД СОЧУВСТВУВААТ СО УКРАИНА, МУ КАЖА МИЦКОСКИ НА ЗЕЛЕНСКИ

    МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД СОЧУВСТВУВААТ СО УКРАИНА, МУ КАЖА МИЦКОСКИ НА ЗЕЛЕНСКИМакедонија е во топ 5 донатори на оружје на Украина по глава на жител. (Фото: Фејсбук)

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска имаше кратка средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во рамки на Самитот на Европската Политичка Заедница во Лондон. Како што објави Мицкоски на социјалните мрежи, тој на Зеленски му ја потенцирал недвосмислената поддршка на Македонија кон Украина и украинскиот народ и му посочил дека и во иднина можат да сметаат на нашето пријателство.

    „Денеска во рамки на Самитот на Европската Политичка Заедница во Лондон остварив кратка средба и разговор со Претседателот на Украина, Володимир Зеленски. На средбата ја потенцирав недвосмислената поддршка на Македонија кон Украина и украинскиот народ и посочив дека и во иднина можат да сметаат на нашето пријателство. Македонија и македонскиот народ се хумана нација и сочувствуваат во овие тешки историски предизвици и несогледливи последици. Нашите односи се базира на вистинско пријателство од каде произлегуваат принципи, вредности и разбирање“, објави Мицкоски за средбата во Лондон.

    На 8 јули, зборувајќи на настан на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД, премиерот Мицкоски изјави:

    „Мојата држава е огромен донатор за Украина. Собранието гласаше за огромна поддршка за Украина. Ние сме меѓу топ 5 доставувачи на помош по глава на жител во светот“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира