МАКЕДОНИЈА НЕ ПРАВИ ДОВОЛНО ЗА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ, АЛАРМИРА ОМБУДСМАНОТ МЕМЕТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МАКЕДОНИЈА НЕ ПРАВИ ДОВОЛНО ЗА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ, АЛАРМИРА ОМБУДСМАНОТ МЕМЕТИ

    Народниот правобранител Иџет Мемети на Националниот семинар „Децата со попреченост во Македонија низ леќите на Конвенцијата на ОН за правата на лица со попреченост“, констатираше дека тоа што е направено во Македонија за овие деца не е доволно и оти тие се уште се далеку од реалното остварување на правата кои им ги гарантираат Конвенцијата.

    „Правата на децата се гарантирани многу поодамна со бројни меѓународни документи кои Македонија ги има ратификувано и со кои се обврза дека ќе обезбеди услови за остварување на правата на децата на еднаква основа со другите деца и во таа насока треба да се преземат конкретни и суштински мерки. Најголем дел од децата со попреченост се уште се соочуваат со големи потешкотии во пристапот до соодветни и квалитетни услуги, а со тоа и во остварувањето на загарантираните права и слободи“, критикуваше Мемети.

    Чувството дека не се прифатени и дека се наоѓаат на маргините, рече Мемети, не е надминато, ниту кај децата ниту кај нивните семејства, кои во отсуство на потребната поддршка од општеството најмногу ја чувствуваат тежината на егзистирање без можност за остварување на права. Тоа алармира дека треба под итно да се преземат конкретни мерки за надминување на оваа состојба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира