МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА ГИ ПРИЗНАЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД РЕФЕРЕНДУМИТЕ ВО УКРАИНА ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ КОН РУСИЈА

    МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА ГИ ПРИЗНАЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД РЕФЕРЕНДУМИТЕ ВО УКРАИНА ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ КОН РУСИЈАРеферендуми за приклучување кон Русија се одржуваат во регионите Донецк, Луханск, Запорожје и Херсон. Русија не контролира голем дел од овие четири региони. - Гласачка кутија во Донецк (Фото: Прес-служба на ДНР)

    На прашање дали Македонија ќе ги признае резултатите од референдумите во четири украински региони за приклучување кон Русија, министерот за надворешни работи Бујар Османи кажа дека Македонија никогаш нема да го направи.

    Тој додаде дека е важно Украина да победи во војната со Русија, која преку манипулативни референдуми сака да си обезбеди алиби за анектирање на украинска територија.

    „Важно е Украина да победи во оваа војна, а Република Северна Македонија нема да признае манипулативни референдуми. Тие се манипулативни за да имаат алиби за своеволно анектирање на туѓи територии“, кажа Османи на денешниот брифинг за новинарите.

    Референдуми за приклучување кон Русија се одржуваат во регионите Донецк, Луханск, Запорожје и Херсон. Русија не контролира голем дел од овие четири региони.

    „Важно е да се зборува за кршењето на меѓународното право со воената агресија на Русија врз Украина, зашто нас малите земји нè штити тоа право. Што ако утре на секој голем сосед му текне да нападне помала земја и да си земе територија?”, рече Османи загрижен дека нуклеарната војна станала вообичаен и за жал секојдневен вокабулар во војната меѓу Русија и Украина.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира