МАКЕДОНИЈА ПОНУДИ МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО КРАН-МОНТАНА

    МАКЕДОНИЈА ПОНУДИ МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО КРАН-МОНТАНАОд Министерството за здравство велат дека во моментов се разгледуваат капацитетите за евентуално прифаќање на дел од повредените или испраќање на македонски лекари специјалисти во Швајцарија. - Барот Ле Констелејшн во Кран-Монтана (Фото: Блик)

    Министерството за здравство (МЗ) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) се во постојана координација со здравствените власти во Швајцарија за обезбедување помош по трагичниот пожар во ски-центарот Кран-Монтана, соопштија од Министерството за здравство. Комуникацијата се одвива преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC), со цел да се утврдат потребите за медицинско згрижување на настраданите.

    Од Министерството за здравство велат дека во моментов се разгледуваат капацитетите за евентуално прифаќање на дел од повредените или испраќање на македонски лекари специјалисти во Швајцарија.

    Претходно, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во разговор со швајцарскиот амбасадор ја потврди подготвеноста на државата за итна медицинска поддршка.

    Во меѓувреме, македонската амбасада во Швајцарија соопшти дека будно ја следи ситуацијата и ги повика македонските граѓани на кои им е потребна асистенција да се јават на итниот телефонски број +41 79 923 79 57

    Според последните официјални податоци, во големиот пожар што избувна во бар во Кран-Монтана за време на новогодишната ноќ, загинаа околу 40 лица, додека најмалку 115 се здобија со повреди.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира