МАКЕДОНИЈА ПРОТЕРА ПЕТ РУСКИ ДИПЛОМАТИ

    МАКЕДОНИЈА ПРОТЕРА ПЕТ РУСКИ ДИПЛОМАТИРуската амбасада во Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Пет руски дипломати се прогласени за персона нон грата во Македонија и имаат рок од пет дена да ја напуштат земјата соопшти Министерството за надворешни работи.

    Оттаму велат дека денеска во просториите на МНР бил повикан рускиот амбасадор Сергеј Баздникин и му била врачена дипломатска нота, со која петмина вработени во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата.

    „Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена“, се вели во соопштението на МНР.

    Протерувањето на петте руски дипломати се случува на 33. ден од руската инвазија на Украина.

    Претходно, Македонија протера по еден руски дипломат во 2021 и 2018 година, на што Русија одговори реципрочно, протерувајќи македонски дипломати од нашата амбасада во Москва.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира