„МАКЕДОНСКА ПОШТА“ ДОБИ 100 ВОЗИЛА, НИКОЛОСКИ ВЕЛИ ДЕКА СО НОВ СОФТВЕР ЌЕ СТАНЕ НАЈМОДЕРНА ВО РЕГИОНОТ

    „МАКЕДОНСКА ПОШТА“ ДОБИ 100 ВОЗИЛА, НИКОЛОСКИ ВЕЛИ ДЕКА СО НОВ СОФТВЕР ЌЕ СТАНЕ НАЈМОДЕРНА ВО РЕГИОНОТНабавката на возилата чини околу 2 милиони евра. (Фото: МТВ)

    „Македонска пошта“ од денеска има 100 нови возила за резнесување пратки. Набавени се 90 пикапи и 10 комби со што, како што рече директорот Орхан Куртиши, поштата ќе може нормално и без проблеми да ја извршува својата основна функција.

    „Малите возила се со носивост од 750 килограми, додека големите се со носивост од 1.800 килограми и ќе помогнат многу во забрзувањето на доставувањето на пратките, што е основната дејност на Пошта“, рече Куртиши.

    Министерот за транспорт и врски Александар Николоски рече дека цел на Владата во идниот период е да го зголеми квалитетот на Пошта односно да се подобри ефикасноста во испораката на услугите и намалување на трошоците за 15 %, како и подобрување на индикаторот за профитабилност за дополнителни 15 %.

    „Во следниот период очекуваме да се набави софтвер за ‘Македонска пошта’, како и сортирка која што во регионот воопшто ја нема и ќе значи дека Поштата ќе е најмодерна поштенска институција во целиот регион. Она што исто така е значајно и е за поздравување е дека ‘Македонска пошта’, без разлика што пазарот е либерализиран, е единствената институција која што врши универзална услуга, што значи без разлика дали се работи за најголема пратка или за најмало писмо, кое што од Скопје треба да стигне во најмалото село во Македонија, тоа го прави Пошта и тоа е за поздравување”, рече Николоски.

    Набавката на возилата чини околу 2 милиони евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира