МАКЕДОНСКАТА АРМИЈА ЌЕ СЕ ОПРЕМИ СО ХЕЛИКОПТЕРИ АГУСТАВЕСТЛАНД ОД ИТАЛИЈА КАКО ЗАМЕНА ЗА СОВЕТСКИТЕ ХЕЛИКОПТЕРИ ШТО ЌЕ Ѝ ГИ ДОНИРАМЕ НА УКРАИНА

    МАКЕДОНСКАТА АРМИЈА ЌЕ СЕ ОПРЕМИ СО ХЕЛИКОПТЕРИ АГУСТАВЕСТЛАНД ОД ИТАЛИЈА КАКО ЗАМЕНА ЗА СОВЕТСКИТЕ ХЕЛИКОПТЕРИ ШТО ЌЕ Ѝ ГИ ДОНИРАМЕ НА УКРАИНАХеликоптерот АгустаВестланд 159 има капацитет за 6 патници, плус двајца пилоти.(Фото: Леонардо)

    Министерството за одбрана ќе набави хеликоптери АгустаВестланд 149 и 159 од италијанската компанија „Леонардо“ за потребите на македонската армија.

    Министерката Славјанка Петровска вчера во интервју за „360 Степени“ кажа дека набавката на хеликоптерите влегува во нова фаза откако понудата на „Леонардо“ била потврдена како најсоодветна во процесот на модернизација на хеликоптерските капацитети на македонската армија.

    Минатата година, Петровска рече дека планот е да се набават 8 хеликоптери за што се пристигнати пет понуди, а набавката треба да чини над 200 милиони евра. Во март лани, македонската влада донесе одлука да ги донира сегашните 12-те армиски хеликоптери од советско производство на Украина и тогаш Петровска кажа дека во македонската армија нема место за опрема произведена во 1984 година.

    Од Министерството за одбрана велат дека буџетот за одбраната годинава го надмина прагот од 2 проценти од БДП, односно изнесува 2,05% или околу 327 милиони евра.

    Една третина од одбранбениот буџет е наменет за модернизација и опремување на Армијата со што Северна Македонија ги исполни двата критериуми на НАТО- Алијансата за буџетирање на одбраната – минимум 2 проценти од БДП за одбрана и најмалку 20% од овие средства за модернизација.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира