Сите државјани на Македонија кои се наоѓаат во Либан, во првата можна прилика да ја напуштат земјата поради влошената безбедносна ситуација во Либан, апелира македонското Министерство за надворешни работи (МНР). Исто така, МНР апелира да се одложат сите патувања кон оваа држава, кои не се неопходни.
Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Либан. Министерството за надворешни работи кажа ги става сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани и посочува на СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи +389 75 268 736 (е-пошта: [email protected] ).
Синоќа израелски проектили го погодија третиот по големина либански град Саида поради стравувањата од регионално прелевање на војната меѓу Израел и Хамас. „Франс 24“ соопшти дека Саида е главниот град во јужен Либан, кој се наоѓа далеку од израелско-либанската граница, каде борбите се интензивираа во последните денови.
Според „Гласот на Америка“, се зголемуваат стравувањата дека проширување на конфликтот во Газа ќе ги зафати Израел и милитантната група Хезболах која е поддржана од Иран, откако двете страни оваа недела тврдеа дека се подготвени за војна по интензивирањето на нивните прекугранични напади.
Израелската војска соопшти дека ги одобрила плановите за напад во јужен Либан. Хезболах се закани дека ќе спроведе војна без „без црвени линии“, иако рече дека ќе ги запре нападите ако војната во Газа престане.