МАКЕДОНСКИТЕ, СРПСКИТЕ И АЛБАНСКИТЕ ГРАЃАНИ ОД ДЕНЕСКА ИМААТ СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ ВО ОТВОРЕН БАЛКАН

    МАКЕДОНСКИТЕ, СРПСКИТЕ И АЛБАНСКИТЕ ГРАЃАНИ ОД ДЕНЕСКА ИМААТ СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ ВО ОТВОРЕН БАЛКАНЗаинтересираните граѓани за слободен пристап до пазарите на труд на Северна Македонија, Албанија и Србија најпрво треба да извадат Идентификациски број на Отворен Балкан на порталот за е-услуги во својата држава. - Од самит на лидерите на Отворен Балкан (Фото: СДК.МК)

    Од денеска, граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија можат да ја користат мерката Слободен пристап до пазарот на трудот во рамки на „Отворен Балкан”, соопшти Владата.

    Оваа мерка произлегува од меѓународните договори потпишани меѓу трите држави членки на иницијативата Отворен Балкан, и тоа Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан, како и Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан.

    „Мерката има цел да придонесе кон отстранување на бариерите кои ја попречуваат трговијата и слободното движење на луѓето и да овозможи користење електронски услуги во рамките на самата иницијатива“, велат од Владата.
    Со стартот на реализација на овие договори, на граѓаните на овие три земји им се овозможува непречен престој од две години во кои имаат право да најдат работа.

    Заинтересираните граѓани за слободен пристап до пазарите на труд на Северна Македонија, Албанија и Србија најпрво треба да извадат Идентификациски број на Отворен Балкан на порталот за е-услуги во својата држава, со што потоа аплицираат за Одобрение за слободен пристап до пазарот на трудот во останатите две држави. Постапката се одвива целосно електронски и трае до 30 дена.

    Откако заинтересираните граѓани ќе се најават на uslugi.gov.mk и ќе поднесат барање за издавање Идентификациски број за Отворен Балкан (OB ID), кое веднаш се генерира, следен чекор е со тој број да аплицираат за Сертификат за слободен пристап до пазарот на труд во Србија https://euprava.gov.rs/ или во Албанија https://e-albania.al/.

    Постапката е целосно и детално опишана на следниве линкови:

    https://uslugi.gov.mk/otvoren-balkan.nspx

    https://av.gov.mk/otvoren-balkan-severna-makedonija-srbija-i-albanija-ns_article-izvestuvanje-za-otpocnuvanje-na-uslugata-sloboden-pristap-do-pazar-na-trud.nspx

    „Ова значи дека со овие новости и олеснувања, граѓаните добиваат многу побрз и многу полесен пристап до можностите за работа во трите држави. Од моментот на обезбедување пристап на пазарот на труд, во сите следни фази кои подразбираат преговори за работа, вработување и пензиско-здравствено осигурување, правата и обврските на граѓаните и компаниите остануваат неизменети, односно исти како и до сега, во согласност со националните законодавства“, додаваат од Владата.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира