МАЛ АВИОН ИСЧЕЗНА ОД РАДАРОТ КАЈ СОЛУНСКА ГЛАВА

    МАЛ АВИОН ИСЧЕЗНА ОД РАДАРОТ КАЈ СОЛУНСКА ГЛАВААвион од моделот „цесна П210Н“ каков што попладнево исчезна од радарот кај Солунска Глава. (архивска фотографија)

    Мал авион „цесна“ исчезна од радарот попладнево на 26 километри јужно од Скопје, кај планинскиот врв Солунска Глава. Авионот со четири патници, бугарски државјани, полетал од Охрид за Софија и контактот со контрола за летање е изгубен во 16.18 часот, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК Томислав Тунтев, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

    Од М-НАВ велат дека мал патнички воздухоплов „цесна П210Н“, кој полетал од Охрид и се упатил кон Софија е изгубен од радарската слика околу 16.15 часот.

    „Поради лошите временски услови побарал да слета на Скопскиот аеродром, но се премислил и се упатил кон Софија. На 26 километри јужно од Скопје, некаде кај Солунска Глава се губи сигналот. Пред да се изгуби сигналот, последен контакт со пилотот било: ’Јака турбуленција, јака турбуленција’“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК Николче Тасески, претседател на Управниот одбор на М-НАВ.

    Во моментов се трага по исчезнатиот авион со два полициски хеликоптери.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари