МАЛЦИНСКИОТ АКЦИОНЕР ПОКРЕНА КРИВИЧНА ПОСТАПКА ПРОТИВ МЕНАЏМЕНТОТ НА ФЕНИ

    МАЛЦИНСКИОТ АКЦИОНЕР ПОКРЕНА КРИВИЧНА ПОСТАПКА ПРОТИВ МЕНАЏМЕНТОТ НА ФЕНИКривична постапка е започната против главниот извршен директор на „Фени индустри“, Јусуф Миракхмедов кој свесно ја искористил службената положба и овластување за прибавување имотна корист за себе или други лица, велат од адвокатското друштво Апостолки (Фото:СДК.МК)

    Компанија БГРС, што е малцински акционер на „Кунико Ресурсис групација“ во чија сопственост е „Фени индустри“, покрена кривична постапка против менаџментот на фабриката за феролегури,  соопшти адвокатското друштво Апостолски, како правен застапник на БГРС. Пријавата е покрената врз основа на сомненија за кривични дела злосторничко здружување, злоупотреба на службена дејност и овластување, измама,како и бројни други дејствија со кои се оштетени не само малцинските акционери, туку и други субјекти за околу 60 милиони евра.

    Кривична постапка е започната против главниот извршен директор на „Фени индустри“, Јусуф Миракхмедов кој според малцинскиите партнери свесно ја искористил службената положба и овластување за прибавување имотна корист за себе или други лица, направил измама од големи размери, па на така криминално прибавените средства преку нелегални парични текови им ја прикрил локацијата и движењето, со што направил класичен случај на перење пари, стои во соопштението на адвокатската канцеларија.

    Малцинскиот акционер покрена постапка и за други членови на менаџментот како соизвршители, кои наводно вршеле бројни нелегални трансакции и активности, преку кои биле перени пари помеѓу фирми што ги формирала „Фени индустри“.

    Вчера велешкиот суд отвори предстечајна постапка по барање на трите банки доверители, „Комерцијална банка АД Скопје“, „Стопанска банка АД Скопје“ и „Силк роуд банка“, на кои „Фени“ им должи 40 милиони евра. Компанијата кон други доверители должи уште 20 милиони евра.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира