МАСОВНА ТЕПАЧКА НА СРЕДНОШКОЛЦИ ВО ГОСТИВАР ЗА ДЕВОЈКА, ДВАЈЦА СО ТЕШКИ ПОВРЕДИ НА УРГЕНТЕН ВО СКОПЈЕ

    МАСОВНА ТЕПАЧКА НА СРЕДНОШКОЛЦИ ВО ГОСТИВАР ЗА ДЕВОЈКА, ДВАЈЦА СО ТЕШКИ ПОВРЕДИ НА УРГЕНТЕН ВО СКОПЈЕЕден од двајцата средношколци што биле повредени во тепачката во гостиварската гимназија е во тешка здравствена состојба и е задржан на Клиниката за торакална хирургија - Економското училиште во Гостивар. (Фото:СДК.МК)

    Двајца малолетници и 18 годишно момче се повредени во тепачка, која се случила денес во дворот на средното економско училиште „Живко Брајковски“ во Гостивар. Според СВР Тетово околу 13 часот дошло до тепачка меѓу две групи средношколци, и тоа десетина во едната група и дваесетина во другата група. Едната група била од гостиварското село Чегране, а другата од село Врапчиште. Во тепачката биле користени тупаници и клоци, а било употребено и ладно оружје, веројатно нож.

    Малолетниците по укажаната прва помош, поради сериозноста на повредите биле итно однесени на скопските клиники, а третиот ученик е задржан на лекување во гостиварската болница. Сите тројца повредени се од село Врапчиште.

    Според неофицијални информации на тепачката и претходела вербална расправија во објект близу до училиштето, а потоа тепачката се префрлила во училишниот двор. Тепачката траела кратко, по што и двете гртупи се разбегале. Неофицијално мотив за тепачката е поради девојка, но меѓу младите од овие две села и порано имало меѓусебни пресметки и тепачки.

    Д-р Илир Хасани, директор на Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), вели дека попладнето во Ургентниот центар се донесени двајца средношколци од Гостивар со убодни рани од нож во пределот на градниот кош.

    „Повредите кај едното дете се посериозни, бидејчи е пробиена плевралниот простор, односно просторот околу белите дробови, во кој влегло воздух и има крв. Поради сериозноста на повредата префрлено е на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија. Другото дете е со полесни повреди и се уште не е одлучено дали ќе биде пуштено на домашно лекување или ќе го префрлиме на Клиниката за трауматологија“, вели д-р Хасани.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира